Батон очекува скромен и културен Алонсо годинава

Џенсон Батон очекува скромен и културен Фернандо Алонсо откако оваа година шпанецот се враќа во Формула 1 падокот и ќе се трка за Алпин.

По две години надвор од Формула 1, Алонсо е нетрпелив да се врати во спортот кој му донесе најголема слава и шампионски титули од 2005 и 2006 година. Неговиот нов тим е всушност поранешниот фабрички тим на Рено со кој Фернандо ги имаше најголемите успеси во кариерата.

Шпанецот последен пат возеше во Мекларен до крајот на 2018 година и таму Џенсон Батон му беше тимски колега. Во тркачката кариера Нандо го бие глас дека не се однесува најубаво, прави раздор во тимот и е тежок да се менаџира.

одлично е што тој ќе се врати во спортот, тој е одлична личност и мислам дека научи да стане поскромен последните години. мислам дека ќе видеме силен и многу моќен фернандо алонсо. неговото враќање е добро за спортот и се гледа дека работи напорно на својата подготовка затоа што не е повеќе млад и му треба посилна работа – изјави батон во своето интервју.

Исто така, Џенсон смета дека доаѓањето на Алонсо е многу позитивно за екипата која морала да најде достојна замена за одличниот Даниел Рикардо кој годинава еќ с етрка за Мекларен. Партнер во тимот ќе му бде Естебан Окон.

ќе биде одлично за рено, екипата со која освои две титули, да се врати кај нив. фернандо ќе мора многу да работи за достојно да го замени даниел рикардо кој беше одличен и се покажа.

исто така, ќе биде многу забавно да се види даниел крај ландо во мекларен оваа година, исто како и враќањето на фернандо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ