Батон сака Спа да остане на календарот

Џенсон Батон изјави дека би бил доста вознемирен доколку не ја види легендарната Спа Франкошамп на календарот за наредната година. 

Иднината на трката во Белгија е во сериозна опасност бидејќи договорот истекува оваа година. Патеката е историска, една од најпознатите на календарот и привлекува доста фанови и возачи, но наредната сезона Лас Вегас ќе дојде на календарот, а се активира и догоорот на Катар. 

Ќе бидам вонемирен ако не ја видам Спа, Исто е и за Монако, но многу работи се случуваат позади сцената. Не треба да се тргне Спа од календарот бидејќи таа е најдобрата патека на календарот и возачите и тимовите ја сакаат. Би бил повеќе претпазлив.

Знаеме дека Формула 1 е забава и некои телевизиски шоуа ја направија позната во Америка, Но сепак, ние треба да се осигураме дека интересните трки ќе останат тука и ќе има задоволни возачи.

Сакам различни улични патеки, но и легендарни патеки. не треба да има трки само поради локацијата. Тоа треба да е поради патеката и фановите. Забавно е да се гледаат трки со доста престасувања и тоа е најважно – смета батон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ