Батон: Сезонава нема да биде лесна за Верстапен и Ред Бул

Поранешниот шампион, Џенсон Батон, верува дека оваа сезона нема да биде лесна за Макс Верстапен и Ред Бул и покрај доминантната победа во Бахреин. 

Батон, кој оваа година ќе се натпреварува во Наскар на три трки, изјави дека првата трка во Бахреин била прекрасна за гледање. 

Тоа беше релативно лесна трка, посебно за Макс. Иако беше лесно за него, сепак беше интересна трка. Ми се допадна што имаше многу акција посебно меѓу Луис и Фернандо – изјави џенсон.

Батон потенцираше дека поради природата на патеката може да се стекне грешен заклучок. 

Знам дека многумина рекоа дека ќе биде лесно за Ред Бул и Макс, Но само тестиравме на една патека и на таа беше првата трка.

Знам дека има доста жестоко кочење и се трошат гумите. Не е лесно да се каже бидејќи во Саудиска Арабија ќе биде се побрзо И потоа доаѓаат европските трки.

Нема да им е лесно на Ред Бул и Макс. Имаа одличен старт на сезоната и многу различно од минатата година. Ќе гледаме многу акција оваа сезона. Во однос на трките, гледавме добра борба на првата трка меѓу Луис и Фернандо. 

Британецот смета дека Формула 1 треба да учи од Наскар и треба да има повеќе промени. 

Мислам дека е одлично што се размислува за промени. Имаме спринт трки, Но никој не е среќен со промените.

Во Наскар има различни точки во текот на трката. Се зависи од тоа кога се менува гуми. Можеби работат стратегиите можеби не, Но Ф1 е одлично место. Уживавм да се тркам. Сонот е болидите на Ф1 да се полесни, а не да се тркач со вистински автомобил. Среќен сум каде е Ф1 и мислам дека треба да пробуваат работи без страв. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ