Батон се врати како Советник во Вилијамс

Светскиот Формула1 првак од 2009 година, британецот Џенсон Батон, се врати во Вилијамс како Советник во екипата и потпиша повеќегодишен договор со тимот од Гроув.

Младиот британец влезе во Формула 1 токму преку Вилијмс во 2000 година, а во својата кариера стигна до 15 победи и шампионска титула пред да ја заврши кариераа на крајот од 2017 година. Тој остана вклучен во моторспортот, но се фокусираше на трки со автомобили како Супер ГТ и Ендјурајс шампионатот. Сега официјално се враќа во врвната моторспорт тркачка серија како Советник во Вилијамс.

Тој ќе донесе совети и искуство во Гроув и ќе помага како поддршка на возчите и младите таленти кои во иднина тимот ќе ги поддржи, присуствувајќи на голем дел од трките сезонава, параелно со својата улога како стручен коментатор на Sky Sports F1.

пресреќен сум што повторно потпишувам за вилијамс. кога имав 19 години тие ми го променија животот и јас сум благодарен и покрај тоа што минаа 20 години од тогаш, јас се чувствувам како никогаш да не сум заминал од екипата.

сер френк вилијамс веруваше во мене и јас сум му благодарен за тоа, а сум и неверојатно возбуден што добивам шнса да се вратам и да му помогнам на тимот да се врати на успешен колосек.

ни претстои тешка и напорна работа која треба да се спроведе, но јас не се сомневам дека претстои светла иднина на оваа фантастична екипа и поради тоа не можам да дочекам да почнеме да работиме – вели батон.

Пристигнувањето на Џенсон е последна од низата промени во тимот откако американскиот инвестициски фонд, Дорилтон Капитал го превзема раководењето со тројфениот тим. Сајмон Робертс остана тимски шеф, додека поранешниот шеф на Фолксваген моторспорт, Јост Капито, стана нов Главен извршен директор.

носењето на џенсон во тимот е уште еден позитивен чекор да се придвидижме кон напред на патеката и надвор од неа. џенсон секогаш остана пријател на екипата и одлично е што можеме да му посакаме добредојде назад во семејството. во 2000 година сер френк го виде неговиот ветувачки талент како возач и му даде можност да вози во формула 1.

тој ги исполни очекувањата во текот на својата блескава кариера која кулминираше со шампионска титула. од ского е успешен деловен човек како во тркањето така и во телевизиските преноси и остана многу почитувана фигура во падокот. сето негово искуство ќе ни помогне во техничка и спортска трансформација на екипата.

знам дека сите во гроув имаат огромна почит за него и воодушевени сме што повторно ќе работи со тимот – објасни капито.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ