Батон смета дека Расел е најдобра опција за Мерцедес

Џенсон Батон е убеден дека Мерцедес треба да нјдат алтернатива на Валтери Ботас и дека таа алтернтива треба да биде Џорџ Расел.

Поддршката за Џорџ да го замени Валтери како колега на Хамилтон станува се посилна, а за работата за финецот да стане потешка, Ред Бул се се посилни и на Мерцедес им треба втор возач како никогаш до сега.

сите имаат лоши трки, но се чини дека најголем дел од трките на валери годинава беа лоши. можеби имал лоши трки и претходно, но тоа било тешко да се види поради доминантниот болид кој го имал на располагање.

може да бидете 10 секунди зад својот колега, може да бидете и 20 секунди зад својот колега и да бидете втор, но кога и други екипи се вклучуваат во борбата, разликата во времето кое заостанувате ви губи многу позиции.

мислам дека мерцедес претходно беа среќни и задоволни што тој не е брз како луис, со тоа луис беше мирен, самиот се бореше за титули и победуваше далеку полесно.

причината поради која мерцедес беа во ред со тоа е поради тоа што валтери носеше многу поени кај конструкторите, а сега повеќе не е така, ред бул има втор возач кој е одличен. поради тоа, сметам дека мерцедес треба да бараат опции за ботас – анализира батон.

Најсериозен кандидат за втор возач во Мерцедес е Расел, но Волф веќе најави дека може да чекаат до крајот на зимата за да донесат одлука. Батон е советник во сегашната екипа на Расел, Вилијамс, и смета дека трансфер на Џорџ би било одлично, иако тие повеќе би сакале да задржав возач од калибарот на Расел кај себе.

најдобра опција за мерцедес и покрај тоа што сум советник на вилијамс е да го земат џорџ. сигурен сум дека во вилјиамс ќе сакаат да го задржат, но ќе разберат дека не смеат да му стојат на патот на таква можност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ