Батон упати критики до Перез за квалификациите

Поранешниот шампион, Џенсон Батон, го критикуваше пристапот на Серхио Перез откако мексиканецот предизвика црвено знаме по само неколку минути од почетокот на квалификациите, промашувајќи точка на кочење и заглавувајќи во песокот крај патеката.

Перез имаше лоша сабота откако имаше неколку излетувања на последниот тренинг, а истото го повтори и за време на првиот квалификациски сегмент. Доколку нема казни, тој ќе стартува од крајот на гридот што е негова најлоша позиција од Холандија во 2021 година.

Батон е изненаден од пристапот на Перез и смета дека требало да се загрее уште еден круг пред да проба да постави летечки круг.

Тоа ме изненадува најмногу од него. По тешкиот тренинг, требаше да се подготви. Има најбрз болид и не се прави таква грешка во зона на кочење. Можеби има поголеми проблеми од тие што мислиме – се сомнева џенсон.

Но и покрај проблемот кој го пријави Перез, сепак Батон смета дека вината е на возачот.

Не може да ги пренесеш лошите перформанси од тренинг на квалификации. Тој изјави дека ова било најлоша сесија до сега

Изненаден сум од тоа што се случи. Требаше прво да постави нормален круг и подоцна да се бори за подобар. Не се прави тоа така.

Кога ќе се закочи внатрешното тркало тоа е проблем и разочарување за него и целиот тим.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ