Батон: Хамилтон менуваше во погрешно време

Џенсон Батон смета дека Луис Хамилтон менувал гуми во целосно погрешно време и се нашол помеѓу две различни стратегии во Турција. 

Хамилтон стартуваше од 11та позиција на гридот откако го промени моторот и возеше долго на своите интермедиа гуми, стигнувајќи до трета позиција и имаше барање да вози до крај со истите гуми. 

Но на крајот неговите гуми немаа повеќе перформанси и тој влезе да ги промени. До крајот на трката тие се трошеа и не можеше да напредува поради што ја заврши трката на петта позиција. Батон смета дека тоа било целосно погрешно. 

Беше тешко, но мислам дека Луис беше фрустриран по трката. Тој влезе во средина помеѓу две стратегии и мислам дека немаше потреба од тоа. Доколку беше порано ќе беше исправен потег, но вака немаше смисла – појасни батон.

Поранешниот Формула 1 првак додаде дека Хамилтон требало подобро да ги информира Мерцедес пред да влезе и да ја загуби позицијата од Перез и Леклер. 

Мислам дека најважното нешто се информациите. Мислам дека Луис не разбра дека ќе загуби две позиции.

Личеше среќен кога му кажаа да менува и да излезе пред Гасли, Но подоцна беше фрустриран на петта позиција зад два неочекувани болиди. 

Батон смета дека стратегијата била слична на ланската кога тој промени од интермедиа на гуми за дожд на минатата трка во Турција и стигна до победата. 

Мислам дека гледаше во минатата година. Остана долго и тоа функционираше за него, Но сега не беше случај. Ред Бул се чудеа дали ќе може до крај. Имаше доволно грип и можеби ќе успееше. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ