Батон ќе вози во Британтската ГТ3 серија

Формула 1 шампионот од 2009 година, Џенсон Батон, ќе има свое деби во Британската ГТ тркачка серија следниот месец со Мекалрен 720С ГТ3 со својот сопствен тим Jenson Rocket RJN.

За британецот ГТ тркањето не е непознаница откако две сезони по крајот на својата Формула 1 кариера се тркаше во Јапонската Супер ГТ серија и победи во ГТ500 класата со Наоки Јамамото во 2018 година.

Овој пат тој ќе се трки заедно со својот деловен партнер Крис Бункомб, така што ќе биде деби за двајцата. За Џенсон ќе биде прва трка во својата родна земја по Британското Гранд При во 2016 година.

ова ќе биде мое прво возење на гт3 автомобил и поради тоа сум навистина нетрпелив. ќе биде прекрасно што нашиот тим и мекларен 720с ќе бидат присутни на трката, а ќе возам заедно со мојот најдобар друга крис бункомб. одлично е што повторно ќе се тркам во британија и многу сум благодарен на партнерите кои го овозможија ова.

штета што ова е последна трка од бртианскиот гт шампионат и истата ќе биде без фанови, но се надевам дека преку социјалните мрежи ќе бидете во тек со се – изјави батон.

Во пресрет на настанот и кон крајот на месецов, Батон и Бункомб ќе имаат приватен тест како подготовка.

џенсон и јас долго време разговараме да се тркаме со исти автомобил на патека откако одработивме неколку оф-роуд трки заедно во америка, но никогаш во гт трка.

ќе биде одлично да се вратам на силверстон и нетрпелив сум да го пробаме мекларен 720с гт3. им благодарам на сите кои помогнаа ова да се оствари како фантастичен крај на годината – дополни бункомб.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ