Батон ќе минува повеќе време во Вилијамс годинава

Џенсон Батон се надева дека ќе може да минува повеќе време во фабриката н Вилијамс сезонава и да биде повече вклучен во работата на тимот откако ковид протоколите почнаа да се олабавуваат низ светот.

Поранешниот Формула 1 првак со Брау има советодавна улога во тимот од Гроув од минатата година како дел од носењето на персонал од страна на новите соптвеници од Дорилтон Капитал. Но, поради пандемијата, отј не бил во можност често да оди во Британија на своето работно место, а проблем било и тоа што тој бил дел од коментторскиот тим на Скај, екипа која работи во сопствен меур како превенција од корона вирусот.

поминав малку време во фабриката, а олеснува тоа што сум и на трките со скај. опкружен сум со одредени луѓе од тимот, минувам многу време со дејв робсон, главниот инженер таму и со јост капито.

но, не сум поминал многу време со воачите годинава затоа што немав можност да одам во собата со инженерите и директно во гаражата поради меурите кои превентивно ги користиме.

не беше воопшто лесна годин и можев да се движам само во делот за гости на тимот, таму можам да минувам време со инженерите и со јост. но, не е лошо, иако ограничувањето е огромно и штета за двете страни. се надевам дека годинава ќе можеме многу повеќе да работиме заедно – посака џенсон.

Британецот верува дека тимот гради соодветна инфраструктура и носи персонал кој може да им донесе успех.

се работи за одлична екипа, имаат одлична група на луѓе и ќе минувам многу повеќе време со нив во иднина, со возачите, со младите надежи. ќе работам и во симулаторот, нема да возам, само ќе давам совети и ќе помагам во екипата. тимската работа ми беше силна страна и кога  бев возач, ефинитивно може да придонесам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ