БАТ остануваат во Мекларен

Бритиш Американ Тобако (БАТ), спонзорот на Мекларен, останува посветен на своите претходно договорени обврски со Формула 1 екипата и покрај тоа што Филип Морис по се изгледа ќе го повлечат своето Мишн Виноу брендирање на Ферари оваа сезона.

Мишн Виноу го нема на болидите на Скудерија во Франција, а веќе некое време со такво брендирање на вози нити Дукати МогоТП екипата. Најавите се дека Филип Морис се откажува од својот план за рекламирање оваа сезона.

Вклучувањето на Филип Морис и БАТ со свое брендирање во Формула 1 донесе интерес за начинот на кој “тутунарите“ наводно ги рекламираат своите производи и дали наоѓаат обиколен начин да ја избегнат забраната за такви реклами. Во Австралија, на првата трка од сезоната, челниците на државата Викторија, го истражуваа рекламирањето на Филип Морис, по што Мишн Виноу не беше присутен на СФ90 болидот, а истото беше случај и во Канада.

Иднината на Мишн Виноу на црвениот болид е несигурна, но БАТ останува дел од Мекларен и нивниот план од почетокот на сезоанта не е променет. Тие ќе продолжат да ги рекламираат своите Вајп електронски цигари или ќе го истакнуваат брендот “Подобро утре“ како дел од нивната стратегија неповрзана со цигарите. На трките на кои може да има потенцијален проблем, БАТ ќе рекламираат некои поврзани компании, како во Мелбурн кога на болидите на Мекларен беше испишан брендот 7-Eleven.

не е соодветно ние да изјавуваме што некој наш конкурент прави или има намера да прави. ние сме горди на нашето партнерство со мекларен кое ќе ја забрза нашата трансформација од тутунски производител на цигари кон свесност во сообраќајот и производство на производи со намален ризик преку брендирање на болидот.

секогаш велиме дека тоа ќе го правиме согласно локалните закони и регулаторни принципи што е во целосна согласност со нашиот бренд.

тоа значи дека на некои трки ќе го видите брендот “подобро утре“, на некои трки ќе има друг бренд како вајп или лифт, а на некои ќе го препуштиме нашето место на некој поврзан бренд. тоа беше планот од самиот почеток односно враќање во формула 1 – велат од бат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ