Бахреин, Возач на Денот: Фернандо Алонсо

Започна новата сезона во Формула 1 за Големата Награда на Бахреин и на својот 99ти подиум, Фернандо Алонсо беше избран за Возач на денот од фановите.

Шпанецот ја докажа одличната форма на Астон Мартин и фактот дека произвеле феноменален болид со маневри кои беа лекции за Расел, Хамилтон и Саинз.

Иако имаше бавен старт, тој извозе смирена трка, следејќи ги водечките, а при крајот на трката кога откажа Ферари-то на Шарл Леклер, на шпанецот му се даде можност да го нападне Карлос Саинз кој имаше проблеми со своите пневматици.

Алонсо не еднаш, туку во два наврати изведе феноменален “up and under” маневар над Хамилтон и Саинз, покажувајќи им на своите ривали дека 41 годишникот е дефинитивно во најдобрата форма од својата кариера.

Со заслужено возење стигна до подиум, додека неговиот тимски колега Ленс Строл се пласираше на шесто место. Алонсо притоа освои 53 проценти од гласовите на фановите.

Fernando Alonso – 53.3%
Pierre Gasly – 6.5%
Max Verstappen – 6.3%
Lewis Hamilton – 5.5%
Charles Leclerc – 4.4%

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ