Бахреин, Возач на денот: Шарл Леклер

Повеќе од заслужено, Шарл Леклер беше прогласен за возач на денот на Бахреинското Гранд При.

Моначанецот од Ферари стартуваше од пол позиција, не го испушти водството, одлично менаџираше со трката не давајќи му можност на Верстапен да го нападне, а кога холанѓанецот доби минимална шанса за тоа, Шарл одлично си ја враќаше позицијата.

Ферари одлично ја покрија стратегијата на Ред Бул и на крајот победија во доминантен 1-2 стил, а Леклер освен пол позиција стигна и до најбрзиот круг, максимизирајќи го бројот на освоени поени.

Шарл Леклер – 28.3%
Кевин Магнусен – 22.5%
Макс Верстапен – 9%
Луис Хамилтон – 5.1%
Жу Гуанју – 5%

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ