Бахреин: Еден-два за Ред Бул и лекции од Алонсо

Макс Верстапен, Серхио Перез и Ред Бул продолжија онаму каде што застанаа лани и дојдоа до 1-2 победа на отворањето од сезоната.

Тоа значи победа број 36 за двократниот првак и триумф број 93 за “биковите“. Макс дојде до својот 78ми подиум во кариерата, а Чеко до својот 27ми топ 3 пласман со кој се изедначи со Ралф Шумахер и Брус Мекларен по бројот на подиуми. Нандо дојде до својот 99ти подиум прв по Лосаил во Катар пред две години.

Во пресрет на стартот, целиот грид беше на најмеките гуми маркирани со црвена боја, освен Кевин Магнусен кој почнува на најтврдата компонента и цели на долга прва серија за да надомести за лошите вчерашни квалификации кои ги заврши на 17то место.

Ред Бул лошо тргнаа, на почетокот Чеко загуби две позиции, иако успеа да врати место од Саинз, но Леклер мина пред него и на моменти го напаѓаше и Верстапен. Зад нив, Алонсо загуби две позиции од двата болиди на Мерцедес.

Во првиот круг се случи и она што било која екипа најмалку го сака, Строл “без памет“ тргна во една кривина, не успеа да закочи и фино го удри Фернандо Алонсо по што шпанецот загуби позиција. Сепак, двата зелени болиди, барем за сега, останаа во трка.

Во 13от круг, прв од оние при врвот во бокс влезе Луис Хамилтон и својот почетен сет меки гуми ги промени со сет хард компоентна. Во истиот тој круг, фантастична борба Алонсо – Расел, шпанецот напаѓаше, Мерцедес се бранеше, но на крајот, зелениот Астон стигна до 5то место по низа одлични за око дуели.

Следниот 14ти круг, од софт на хард премина и Шарл Леклер, а кусо потоа промени и Карлос Саинз во безгрешна двојна промена во Ферари. Истата таа обиколка на хард промени и Џорџ Расел. Верстапен промени во 15от круг, но зема друг сет софт, а истиот кога гуми промени и Фернандо Алонсо, додека Ленс Строл промени во 16та обиколка. Два круга подоцна по нови гуми влезе и Перез и се врати на патеката онаму каде што беше и пред промените, на 3то место помеѓу двата болиди на Ферари. Но, мексиканецот, за разлика од останатите, се врати на софт.

Кругот број 14 беше и последен во дебитантската трка на Оскар Пиастри во Формула 1 и во Мекларен откако младиот австралијанец се пожали на проблеми со менувачот и влезе во бокс откако му беше кажано дека проблем е управувачот. Тимот не успеа да го рестартува управувањето и тој мораше да се откаже.

Естебан Окон доби казна од 5 секунди во 15от круг откако беше под истрага поради тоа што погрешно се наместил во стартниот блок. Но, контролата на трка воочи дека во Алпин не причекаа 5 секунди пред да работат на болидот и казната беше несоодветно издржана, така што стјуардите му дадоа нова од 10 секунди. Во 29от круг, французинот доби нова казна од 5 секунди поради пребрзо возење во боксот.

Во 26от круг со користење ДРС и софт гуми, Серхио Перез го претекна Шарл Леклер за 2то место кое го загуби на стартот. Но, возачот на Ферари претходно доби информација дека трошењето на хард гумите на кои се наоѓа е помало од очекувањата.

Во 32от круг, Хамилтон влезе по нов сет хард, иако се бунеше затоа што гумите му биле добри, но му објаснија дека е под закана од Алонсо зад него. Истиот круг нов сет тврди гуми доби и Ленс Строл. Следниот круг и Карлос Саинз влезе по свежи гуми и доби сет тврди пневмтици, а веднаш зад него промени и Расел на нов сет.

Во 32от круг, Ленс Строл го мина Џорџ Расел откако промени гуми круг пред него и дојде до 7то место во ситуација во која двајцата имаа по две посети на механичарите. Во кругот број 34 нови хард гуми доби и Шарл Леклер и загуби позиција од Алонсо кој имаше само едно влегување во бокс. Следниот круг на хард гуми се врати и Серхио Перез, исто како и Фернандо Алонсо, а последен промени лидерот Верстапен во 37от круг.

Во 37от круг, Фернандо Алонсо го нападна 4то место на Луис Хамилтон, но седумкратниот првак успеа да се одбрани иако нападот беше жесток. Сепак, следниот круг Нандо беше толку насточив, нападна со цела сила и успеа да мине.

Кругот број 43 беше последен за Шарл Леклер кој немоќно застана крај патеката поради проблеми со моторот. По кој знае кој пат Ферари мака мачат со издржливоста. Следуваше виртуелно безбедносно возило поради погодното место кое Леклер го одбра да застане и неговиот болид беше брзо отстранет.

Во 43от круг по којзнае колку казни, Естебан Окон беше повлечен од трката со својот Алпин.

46от круг беше моментот кога Фернандо Алонсо го мина својот сонародник, Карлос Саинз од Ферари и дојде во подиум позиција. Возачот на Ферари доби насоки да си ја брани позицијата, но одговори дека се плаши да не му се случи истото како и на колегата Леклер.

До крајот, Макс Верстапен рутински до 1-2 победа за Ред Бул, а подиум по којзнае клкава пауза за Фернандо Алонсо. Место број 4 за Саинз, остото на кое стартуваше, а Луис Хамилтон со напредок од една позиција, заврши 5ти. Ленс Строл финишираше на 6то место пред Џорџ Расел, а Валтери Ботас со одлична трка до 8мо мето. Пјер Гасли на дебито за Алпин дојде до два поени и 9то место за Алпин, а фантастичниот Алекс Албон донесе поен за Вилијамс на отварањето од сезоната.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ