Бахреин поздравуваа Саудиско Гранд При

Официјалните лица во Бахреин се задоволни што Средниот Исток, поточно Саудиска Арабија е на прагот на своја Формула 1 трка, по што календарот во тој дел од светот ќе биде збогатен.

Флавио Бриаторе, кој даде голема помош да се оствари Азербејџанското Гранд При низ улиците на Баку, минатата недела откри дека саудијците веќе се во напредна фаза од преговорите со Либерти Медиа.

Британски Daily Mail во своето денешно издание откри дека појавувањето на трката во календарот од 2021 година е речиси завршена работа.

Пребогатата државна нафтена компанија Saudi Aramco се шпекулира дека веќе потпишала спонзорски договор за трката кој тежи 65 милиони американски долари годишно кои би ги добивала Либерти Медиа.

Аби Даби е веќе на календарот, така што Саудиска Арабија би била трета трка во тој дел од светот, но во Бахреин не се загрижени поради тоа.

од нашата прва трка во 2004 година наша цел беше да ја зголемиме базата на фанови во моторспортот во овој регион. поради тоа поздравуваме иницијативи кои го поддржуваат растот на овој спорт и поради тоа трка во саудиска арабија е во согласност со тоа – изјави портпарол на автодромот во шакир.

Веќе подолго време за вклучување во календарот чека и Мајами каде има многу проблеми со локалните жители.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ