Бахреин: По пауза од 46 трки, 1-2 за Скудерија Ферари

По пауза од 46 трки победа во 1-2 стил за Скудерија Ферари, а Сингапурското Гранд При и тандемот Фетел и Раиконен овој пат беше заменет од двоецот Леклер и Саинз.

Шарл Леклер долго ќе го памети отворањето на оваа сезона, освои пол позиција, победи на трка, го постави најбрзиот круг и беше прогласен за Возач на денот. Ред Бул беа најнесреќна екипа на гридот откако Макс Верстапен се откажа во 54от круг поради проблеми со хидрауликата и моторот, а во последниот круг на првата кривина се изврте Серхио Перез додека се возеше на 4то место.

Мерцедес константно беа на 5то место со Хамилтон, а Расел беше редовно неколку позиции зад него, но по доцното безбедносно возило и извртувањето на Чеко, стигнаа до 3то и 4то место и спасија многу од викендот. Валтери Ботас освои поени во своето деби за Алфа Ромео, Жу освои поени во своето деби во Формула 1, а Кевин Магнусен фантастичен 5ти во враќањето на гридот. Данецот ги освои последните поени за американската екипа пред оваа трка и тоа на Унгарското Гранд При во 2020 година кога финишираше на 10то место.

Во пресрет на стартот на трката, Шарл Леклер од Ферари и Кевин Магнусен беа единствени на нови софт од првата десеторка, Скудерија за да го сочуваат своето водство стекнато на квалификациите, а Хаас за да ги нападнат Мерцедес пред себе.

Почетокoт на трката не беше добар за Перез кој како да заспа и загуби две позиции, едно од Хамилтон и друга од Магнусен така што на крајот од првиот круг “падна“ на 6то место.  По неколку кругови си ја врати позицијата од данецот од Хаас, а потоа К-Маг беше минат и од Расел.

На стартот, Естебан Окон имаше контакт со заедното десно тркало на Мик Шумахер извртувајќи го младиот германец од Хаас, за што доби 5 секунди казна при променатан на гуми.

Серхии Перез во 10от круг го мина Луис Хамилтон и си го врати своето стартно 4то место заработено вчера.

Прв по нови гуми тргна Луис кој во 12от круг стави хард, што се покажа како многу лош и бавен избор за Мерцедес. Три кругови подоцна нов софт стави Верстапен, а следниот круг него го следеше Леклер, но монтираше користен софт. Следуваше борба за водечкото место откако Верстапен го мина леклер на крајот од стартниот правец во 17от круг, но на 3та кривина Шарл си го врати водечкото место. Истото се повтори и следниот круг пред 19та обиколка кога шампионот ги закочи тркалата и уништи гумите што беше крај на неговата надеж да го мине Ферари на почетокот од втората серија.

Втората промена на гуми повторно ја почнаа Мерцедес и Хамилтон кога во 28от круг се решија да ги променат лошите хард со медиум, а три кругови подоцна тоа го стори и Верстапен, ставајќи жолто маркиран медиум. Секако дека Ферари повторно го следеа, но се вратија патеката пред него и не му дозволија да ги нападне.

Карлос Саинз промени во 33от круг и стави медиум, истиот круг пред Серхио Перез алтернативно да се реши на софт.

Ред Бул се најдоа во позиција на загубена трка и во 44от круг се решија да променат на нови софт кај двајцата возачи, излегоа зад Карлос Саинз, но поради тоа што јасно беше дека ќе бидат побрзи од него и шпанецот се реши да промени на нови гуми следниот 45ти круг.

Кругот број 46 беше оној кој го промени текот на трката откако Пјер Гасли и неговото АлфаТаури загуби електрична енергија и одненадеж застана крај патеката носејќи безбедносно возило во тој круг. Леклер, Расел и останатите го искористија ова за да променат гуми “бесплатно“.

За време на безбедносното возило Верстапен се жалеше со хидрауликата и сервото, а од тимот му одговорија дека не може да ја подобрат состојбата и дека ќе треба да работи со тоа што го има на располагање.

Во 50от круг се повлече безбедносното возило, Верстапен се обиде со рестарт во свој стил, правејќи притисок од внатре при крајот на кругот над Леклер, но моначанецот одлично се снајде и по влегувањето на Мајландер во боксот, “збриша“ напред.

Саинз многу внимателно го следеше рестартот и беше залепен до Макс штом се повлече безнедносото возил правејќи притисок врз него и конечно во 54от круг, кога почнаа проблемите на Ред Бул го мина за 2ро место. Малку подоцна, Ред Бул беше минат и од Перез и двата Мерцедес болиди, поп што актуелниот првак се пакрираш во боксот.

Буквално во последниот круг, откако и Перез пријави проблеми со моторот и батеријата, но се држеше пред Хамилтон, се изврте на првиот свиок и го мина целиот грид, потврдуваќи го очајниот викенд за “биковите“.

Така, 1-2 за Ферари по Белгиското Гранд При во 2018 година, последна таква доминантна победа за нив, а Мерцедес 3ти и 4ти со Хамилтон пред Расел. Магнусен феноменален со 5то место пред Валтери Ботас кој тргна од 6та позиција. Окон и Јуки Тсунода беа 7ми и 8ми, додека 2 поени освои Алонсо и поен кинезот Жу.

Статистиката вели дека откажаа 2 болиди со Хонда мотор, а ако не го сметаме извртениот Перез, последните 6 болиди беа со мотор на Мерцедес.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ