Бахреин размислува за спринт на надворешната брза конфигурација

Промените во правилата за спринт квалификациите кои треба да се спроведат следната сезона оставаат простор Бахреин да организира трка од таков вид на брзата надворешна конфигурација на која беше организирана трка лани.

Годинава за проба беа организирани три спринт трки и тоа во Силверстон, на Монца и во Интерлагос и Формула 1 смета дека експериментот со тој формат бил вистински успех, така што за следната година е предвиден тој формат на шест настани.

Шпекулациите велат дека Бахреин, Имола, Монтреал, Австрија, Зандворт и повторно Интерлагос ќе бидат местата каде форматот ќе се проба догодина, а дел од размислувањата се тие да бидат засебни настани во смисла на тоа што ќе се доделуваат поени, но нема да го одредуваат гридот за трката во Недела.

Некои медиуми пренесаат дека челниците и спортот разговараат за можност да се промени конфигурацијата која ќе с екористи за спринтот во Бахреин, односно тренинзите и квалификациите да бидат на редовната Гранд При конфигурација, а спринтот на надворешната која е најбрза.

Надворешната конфигурација се користеше на Шаркиското Гранд При лани и се покажа како многу успешна азтоа што донесе драма и прва победа на Серхио Перез во Формула 1 кариерата. Идејата во моментов е само во рангот на предлог, но шефовит во Бхреин се отворени аз такво нешто.

Шеиф Салман Бин Иса Ал Калифа кој е Главени извршен директор на патеката откри дека прашањето сеуште не било поставено до нив.

теоретски можеме да го направим тоа и ќе направим се шт оформула 1 бара од нас. исто како и лани кога беше побарано од нас да организираме две трки, едната ја спроведовме на надворешната конфигурација.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ