Бахреин: Ферари се самоуништи и му подари победа на Мерцедес

Со многу среќа, со премногу среќа, Мерцедес стигнаа до нова 1-2 победа, втора за нив годинава на втората трка од календарот, а најзаслужни за тоа беа Скудерија Ферари кои благо речено се самоуништија.

Шарл Леклер е морален победник иако стигна само до својот прв подиум, а до своите први поени стигнаа и Ландо Норис кој беше 6ти и најдобар од останатите и Александер Албон кој со Торо Росо дојде до 9то место и два поени.

Стартот возбудлив, Фетел најбрз по гасењето на светлата превземајќи го првото место од колегата. Леклер со трема по својата прва пол позиција и по првиот круг падна на 3то место, но во вториот круг се созема, и го мина Валтери Ботас, а потоа и Луис Хамилтон го стори истото.

Првиот круг имаше и инцидент помеѓу Ленс Строл и Роман Гросжан кога младиот канаѓанец од Рејсинг Поинт преоптимистички влезе во гужва сакајќи да надомести “којзнае колку“ позиции по само една кривина и заврши во задното тркало на Гросжан. Французинот успеа да додје до боксот, да промени гуми и да се врати на патеката, но се откажа по 18 кругови. Инцидентот беше под истрага, но никој не беше казнет.

На почетокот на трката страшен ритам имаше Карлос Саинз кој беше очигледно побрз од Макс Верстапен и го напаѓаше два кругови. На почеток на 4от круг, шпанецот под ДРС го мина Ред Бул, но како по обичај Верстапен не кочеше, додје до контакт кој го прати Мекларен директно во бокс по нови гуми и го закова за дното на поредокот. Стјуардите го разгледаа и ова, но не казнија никој.

Шарл Леклер стануваше се побрз и во 6от круг на првата кривина пдо ДРС го мина својот колега со кој се бореше и следните неколку свиоци. Истиот тој круг Рено веќе беа 6ти и 7ми, иако Рикардо почна од 10то место, а Хулкенберг едвај мина во К2 вчера.

Макс Верстапен ја отвори серијата менувања гуми во 12от круг кога влезе и промени на медиум, истото по него го направи и Валтери Ботас, но преку бокс беше минат и загуби позиција од холанѓанецот. Во 14от круг гуми промени и лидерот Леклер кој излезе на медиум, истото го направи и Фетел следниот круг, а паралелно со Шарл пневматици промени Хамилтон, но излезе на софт.

Во 12от круг имаше контакт на Антонио Џовинаци од Алфа Ромео и Даниил Квјат од Торо Росо додека се бореа за 9то место, а русинот го извлече подебелиот крај и се изврте крај патеката. Никој не доби казна за овој дуел.

По менувањето гуми, лидерската позиција ја превзема Даниел Рикардо од Рено. Австралијанецот беше полека минуван од водечките, во 15от круг го мина леклер, следниот круг Хамилтон и Фетел, а потоа и Ботас и Верстапен.

Во 23от круг Фетел го мина Луис на патеката за да ја поврати позицијата која ја загуби при менувањето гуми.

Во кругот број 21 Нико Хулкенберг го мина ветеранот Кими Раиконен за 7мо место, во 26от круг Ландо Норис исто така го мина Кими за 7мо место.

Серијата втори влегувања по нови гуми ја започна Макс Верстапен во 33от круг, а по него се изнаредија Хамилтон, Фетел и Леклер. Штом излезе на нови гуми, Луис имаше далеку подобар ритам од Фетел и го мина за 2ро место во 38от круг, но Себ се прецени и по се изгледа притисна гас каде што не требаше, се изврте на патеката, ги уништи новите гуми и го уништи предното крило. Ова значеше нова посета на механичарите и излез на 8мо место.

Себ ги мина Ландо Норис и двајцата возачи на Рено по што дојде до 5то место, кое го задржа до крајот на трката.

Борбата во средината беше во полн ек, во 44от круг Ландо го мина Рикардо за 7мо, а следниот круг тоа го направи и Раиконен за 8мо.

Кругот број 46 беше моментот кога Шарл Леклер “урлаше“ преку тимското радио дена нешто не е во ред со неговиот болид. Вероајтно проблем бил турбо полначот кој не генерирал топлина за да ја наполни топлинската МГУ-Х батерија.

Два кругови подоцна, односно во 48от круг, Шарл беше прелесен плен за Хамилтон, а во 54от круг Леклер беше минат и од Ботас.

Среќа во несреќа за леклер беше 54от круг кога Нико Хулкенберг и Даниел Рикардо се откажаа во исти момент откако едниот по се изгледа имаше проблем со моторот, а другиот со електрониката. Ова го донесе Безбедносното возило на патката поради што никој повеќе не го мина пребавниот Леклер.

Во 55от круг се откажа и Карлос Саинз кој не најде ритам по контактот со Верстапен.

1-2 победа за Мерцедес, повеќе од заслуено Шарл Леклер финишираше на 3то место иако имаше далеку најбрз болид цел викенд. Четврток место за Макс Верстапен, а Себастијан Фетел сам реши да биде 5ти.

Ландо Норис најдобар од останатите на 6то место пред ветеранот Кими Раиконен кој втора трка по ред стигнува до поени. До први поени за Ред Бул додје Пјер Гасли со 8то место, први поени во Формула 1 и за Александер Албон со 9то место, а и Чеко Перез дојде до поен.

Најбрзиот круг го имаше Шарл Леклер и добива поен за тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ