Безбедносна Опрема

Техничка Регулатива

Сите болиди мора да имаат вграден систем за гаснење на пожар кој се активира во кокпитот и во одделот на моторот во случај на пожар. Истиот мора да биде достапен на возачот кога тој седи во нормална седечка положба, со рамените преку неговото тело и мора да функционира дури и кога главната електроника во болидот ќе откаже или пак доколку болидот е превртен.

Исто така мора да има копче за вклучување на системот надвор од болидот. Неговата локација е означена со црвена буква “Е“ во бел круг.

Во кокпитот мора да има копче за целосно исклучување на електрониката во болидот. Тоа е означено со црвена искра во син триаголник. Исто така мора да има и дополнително копче кое ќе биде достапно за редарите кои може да го притиснат оддалечени од болидот со помош на специјална палка. Тоа копче е лоцирано на дното на главниот ролбар.

Сите болиди мора да имаат два ретровизори, чијашто големина и локација се строго определени. Возачите мора да ја демонстрираат функционалноста на ретровизорите преку идентификување на специјални букви и бројки поставени на различни далечини позади болидот, додека тие седат во кокпитот.

Рамените се обавезителни во Формула 1 тркањето. Возачите мора да користат 2 рамена преку рамењата, еден стомачен рамен и 2 рамена меѓу нозете. Овие се определени според строги стандарди на ФИА.

Сите болиди мора да имаат црвено светло на задниот дел во локација дефинирана според правилата на ФИА. Возачот мора да биде во можност да го активира ова светло во било кој момент. Чести ситуации се лоши временски услови.

Кокпитот на болидот мора да биде опремен со 3 зони на специјален слој за заштита на главата на возачот во случај на удар. Тие се поставени позади и од страна на главата на возачот.

За да се минимизира ризикот за повреда на нозете во случај на удар, дополнителни зони со заштитен слој мора да биде поставени од страна и над нозете на возачот.

За лесно извлекување на возачот од болидот во случај на несреќа, неговото седиште целосно се отстранува со возачот во него, додека рамените се сеуште врзани. Седиштето мора да биде фиксирано со не повеќе од 2 шрафа, кои може да се откачат со алатка која ја користат спасувачките служби.

Сите болиди мора да користат уред за осигурување на тркалата кој спречува тркало да излета од болидот во случај некој од шрафовите да е олабавен.

Спортска Регулатива

За анализа на судари, секој болид мора да биде опремен со камера за брзо снимање и секој возач мора да има акселерометар во своето уво за време на трка и на секој тест.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ