Без намалени трошоци, Форд не влегува во Ф1

Моторспорт шефот на Форд, Марк Рашбрук, негира дека во блиска иднина американската компанија би се вратила во спортот, сметајќи дека трошоците се премногу високи за да се размислува таа опција.

Форд се натпреваруваше во Формула 1 во 2004 година како производител на мотори со Јагуар Рејсинг, пред да го напушти спортот во 2005, притоа продавајќи го одделот Косворт.

И покрај високите трошоци за натпреварување во премиерната класа на моторспортот, Рашбрук објаснува дека Ф1 сепак е поатрактивна од другите алтернативи, како Формула Е, најмногу поради хибридните агрегати.

Хибридната моќ ќе биде релевантна уште многу долго за Форд, особено ако поради тоа се воведат буџети. Намалување на трошоците во Ф1 сега сеуште е релативно. Се намалува во една област, но тимовите трошат во други области – изјави за Аутоспорт, Рашбрук.

Во тркачките серии, примарен фокус на Форд е во Светското Првенство на Издржливост, како и во ВРЦ преку тимот на М-Спорт, кој ги освои двете титули минатата сезона, во конкуренција на возачи и тимови.

Особено за ВРЦ, сега имаме поголема финансиска подршка, но исто така и техничка. Во 2018 година ќе им помогнеме во анализа на моторот и подобрување на перформансите.

Голем број од деловите кои ги користиме во ВРЦ, ги применуваме на секојдневните автомобили. Добиваме навистина корисни информации – додава Рашбрук.

Ф1 планира драстично намалување на трошоците од 2021 година, со поедноставен хибриден мотор, како и ограничување на буџетите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ