Белгија: Верстапен доминантно до победа по старт од 14то место

Макс Верстапен победи на Белгиското Гранд При на Спа Франкошамп иако тргна од 14то место, беше класа за себе во текот на трката и немаше возач кој помисли дека може да се носи со него.

Холанѓанецот претекнуваше со огроман леснотија, а неговиот колега Перез само ја потврди страшната форма на Ред Бул со 1-2 за тимот. Следуваше Карлос Саинз на Ферари кои успејаа да се одбранат од Мерцедес.

Во пресрет на стартот, АлфаТаури воочија проблем и кај моторот на Пјер Гасли, откако неколку часови пред трката променија мотор и кај Јуки Тсунода. Така, двата АлфаТаури болиди тргнаа од боксот на оваа трка.

Исто така, во пресрет на стартот на трката, првопласираниот Карлос Саинз имаше наместено софт, а исто и Валтери Ботас, Макс Верстапен и Шарл Леклер што значи дека сите четворица целат на силен старт и напредок на почетокот на трката.

Карлос Саинз имаше моќен старт и си го задржа местото непредизвикан од никого, но Перез беше лош, заспа и загуби позиција од Алонсо и двата болиди на Мерцедес, паѓајќи на 5то место. Следуваше враќање на едно место на крајот на Кемел правецот кога Перез го претекна Расел, а Алонсо во тие моменти се бореше со Хамилтон на крајот на Кемел правецот имаа контакт и Мерцедес болидот буквално полета за момент.

На средина на првиот круг Луис Хамилтон се откажа како последица од сударот со Алонсо кој стјуардите решија да го истражуваат по крајот на трката. Откажувањето на седумкратниот првак донесе безбедносно возило.

Правиот круг Верстапен го заврши на 8мо место, а Леклер две позиции зад него. Момент пред безбедносното возило, контакт имаа Николас Латифи и Валтери Ботас, канаѓанецот се изврте и удри директно во болидот на Алфа Ромео, а Ботас заврши крај патеката и ја заврши трката. Овој контакт исто така ќе се истражува.

Во 4от круг, под безбедносно возило, стартниот софт на медиум реши да го промени Шарл Леклер. По него по нов нос влезе и Николас Латифи. Крајот на тој 4ти круг беше моментот кога безбедносното возило се повлече од патеката.

Рестарто повторно поспан го фати Перез, но успеа да се одбрани од нападите на Џорџ Расел зад себе, додека младиот британец успеа да се одбрани од уште посилните напади од Фернандо Алонсо зад него.

Макс го мина Албон во 5от круг за 7мо место, а во истиот круг го претекна и Даниел Рикардо позиционирајќи се на 6та позиција. Следниот 6ти круг актуелниот првак го мина и Себсатијан Фетле и се проби на 5то место, а следниот круг на Кемел правецот буквално го прелета и Фернандо Алонсо на Алпин. Кругот број 8 беше моментот кога повторно на Кемел правецот, Верстапен “ќари“ уште една позиција и претекнувајќи го Џорџ Расел дојде на 3то место.

На крајот од 11от круг, по нови гуми во бокс влезе Карлос Саинз и стартниот софт го промени со жолто маркиран медиум, исто како што направи и Шарл Леклер за време на безбедносното возило. Шпанецот се врати на 6то место, но многу брзо го мина Даниел Рикардо пред себе.

Истиот круг, Макс Верстапен на Кемел правецот го нападна и го мина својот колега, Серхио Перез и го превзема водството откако стартуваше на 14то место.

Во 11от круг, со претекнувањето над Ландо Норис, Шарл Леклер влезе во топ 10 откако по повлекувањето на безбедносното возило се пробиваше низ поредокот, а круг подоцна со влезот во бокс на Алонсо и Рикардо, дојде до 7мо место.

Во 14от круг, Саинз го мина Фетел за 5то место, а на крајот од истиот круг, по свеж гуми од 3то место во бокс влезе Расел, предавајќи му ја позицијата на шпанецот од Ферари. Леклер продолжи да напредува, го мина Строл и дојде на 5то место.

Во 15от круг второпласираниот Серхио Перез влезе по нови гуми, стартните медиум ги промени со нов сет од истата компонента и притоа загуби една позиција при промена од 2,2 секунди. Се врати на патеката пред Леклер, по што слеуваше жесток дуел на крајот од Кемел правецот.

Следниот круг и шампионот Верстапен промени гуми и се врати на патеката со нов сет гуми, но медиум компонента. Сето тоа го чинеше губење на една позиција, враќајќи се зад возачот на Ферари. На крајот на истиот круг, Леклер загуби позиција од Џорџ Расел кој возеше на далеку понов сет медиум гуми.

Во 18от круг, Верстапен повторно си го врати водството на трката со претекнување над Карлос Саинз на крајот од Кемел правецот кога Ферари беше апсолутно немоќен да се брани. Три кругови подоцна, шпанецот загуби уште една позиција откако беше минат од Серхио Перез на исто место каде што го загуби водството од Верстапен.

Во 26от круг, двојно менување кај Ферари, Саинз доби нов сет хард по силната деградациај на медиум и загуби позиција при тоа, а зад него менуваше Леклер кој се реши повторно на сет медиум и загуби две позиции, една од Фетел, друга од Окон. Два круга подоцна и Серхио Перез влезе по нови гуми и своите медиум ги промени на хард, губејќи позиција од Расел, излегувајќи пред Саинз. Во 30от круг и Мерцедес се решија да променат гуми кај Расел и да му дадат хард како двајцата конкуренти за подиум зад него, а истото го сторија и Ред Бул со Верстапен, но се решија повторно за нов сет медиум.

Во 29от круг, со ДРС на крајот на Кемел правецот, Леклер го мина Окон за 6то место, а зад нив Алонсо го мина Рикардо за 8мо место. Два круга подоцна Леклер го мина и Себастијан Фетел за 5то место.

Во претпоследниот круг од трката, Ферари го внесоа Леклер по нови софт за да нападне за најбрз круг, но излезе преблиску пред Алонсо и на крајот од Кемел правецот го загуби своето 5то место. Но, во последниот круг успеа на истиот дел од патеката да си го поврати 5то место, a Ферари не успеја во својата стратегија и најбрзиот круг му припадна на Верстапен.

Така, со старт од 14то место, Верстапен победи, а Чеко донесе 1-2 за Ред Бул додека Саинз, кој стартуваше од пол позиција, дојде до најниското место од подумот. Следуваше Џорџ Расел пред Шарл Леклер и денеска одличниот Фернандо Алонсо. Двојните поени за Алпин ги потврди Естебан Окон со 7мо место пред Себастијан Фетел, Пјер Гасли кој тргна од бокс и Алекс Албон кој донесе поени во фантастичниот викенд за себе и тимот.

За да не мине трка без глупост од Ферари, последното меување во 43от круг и глупавата стратегија на Ферари им донесе 5 секунди поради пребрзо возење во боксот, така што моначанецот не заврши 5ти туку позиција подоле.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ