Белгија до 2022 година на календарот

Големата награда на Белгија на славната и историска Спа-Франкошамп ќе остане дел од Формула 1 календарот до 2022 година.

Патеката е една од шесте потврдени автодроми за европскиот дел од осум трки во оваа скратена тркачка сезона и како и сите останати, ќе се вози зад затворени врати, без присуство на публика.

Претходниот договор на Бегија со Формула 1 беше склучен кон средината на 2018 година и имаше важност од три години односно тие беа обврзани на организација со 2021 година. Поради прилагодување на ситуацијата настаната со пандемијата, Спа доби договор кој ќе биде продолжен за една година, односно ќе се организира трка и во 2022 година.

одржувањето на овогодишната трка е возможно благодарение на соработката помеѓу владата на валонија, патеката спа-франкошамп, кралскиот автомобилски клуб на белгија, фиа и фом. трката ќе биде одржувана надвор од потипшаниот договор и без финансиски надомест од регионот.

новиот модел ќе ни дозволи патеката, која е важна економска алатка на регионот валонија, да ги надмине финансиските ефекти од оваа криза.

договорените услови ќе ни дадат можност да го консолидираме местото на белгиското гранд при на формула 1 календарот како трка од шампионатот се до 2022 година – откри ванеса маес, главен извршен директор на гранд при трката.

Министерот за економија на Валонија, Вили Борсус, дополни:

гранд при трката на спа-франкошамп е знак на препознавање за валонија и таа придонесува за свеста кон нашата земја низ светот како и промоција на регионот. јасно е дека организација на трката без публика е разочарување за сите фанови и финансиски и економски стрес за регионот.

сепак, договорените услови со фом ќе му дозволи на регионот да ги ограничи загубите и да обезбеди нормални трки во 2021 година и во 2022 година. задоволен сум што добиваме можност за организација годинава и покрај тоа што нема да има публика, но сакам да го понудиме ова шоу на сите ентузијасти во ова тешко време.

Спа-Франкошамп беше дел од првата Формула 1 сезона во 1950 година, а организатор на Белгиското Гранд При без престан е од 1985 година. Продолжувањето на нивниот договор за една година следува откако истото го добија и Унгарија и Италија кои исто така ќе организираат трка без публика годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ