Белгија не се предомислува за трката без публика

Од Спа Франкошамп најавуваат дека немаат намера да ги променат плановите за Белгиското Гранд При оваа сезона, трка која е договорена да се случи без присуство на публика на патеката.

Холандсиот весник Het Belang van Limburg пишува дека иако собирања на луѓе во Белгија биле забранети во времето кога трката била договарана, кризата е попуштена, а мерките олабавени.

Надежта е дека со олабавување на мерките може да се најде можност автодромот да организира трка во присусвтво на гледачи, со соцјално дистанцирање помеѓу нив.

Ванеса Маес, главниот промотер на трката, наајви дека немаат намера да се предомислуваат од она што првично е договорено со Либерти Медиа.

сите преговори со формула 1 беа базирани на организација на трка без присуство на публика затоа што забраната за јавни собири важи до 31 август. успеавме да најдеме решение кое нема да го чини многу регионот валонија и сакаме да се придржуваме кон договорот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ