Бен Сулајем ги препушти секојдневните Ф1 активности на Томбазис

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Суајем, се повлече од секојдневните и оперативни активности насочени кон Формула 1 во пресрет на новата тркачка сезона.

Саудиецот стигна на чело на ФИА во Декември 2021 година и забрзано работеше на план за реструктуирање на Федерацијата како промена на контролата на трка по контроверзиот крај на првенството во таа 2021 година, како и назначување на Главен извршен директор.

Во Понеделникот, како дел од реструктуирањето, Бен Сулајем ги информирал екипите дека се повлекува од директниот пристап во однос на Формула 1, нешто за што обврските му ги пренесе на директорот за едноседи, Николас Томбазис.

Минатиот месец ФИА направи промени во војата структура насочена кон Формула 1, така што Томбазис доби поголеми овластувања, а Стив Нилсен беше поставен за спортски директор откако дојде токму од Формула 1 како негов претходен работодавач. Бен Сулајем ќе остане дел од битните одлуки во врска со спортот и ќе се фокусира на стратешки работи, но Томбазис ќе биде директно вклучен.

планот на претседателот беше јасен уште додека тој беше кандидат за функцијата. тој бараше да се постави главен извршен директор на федерацијата кој ќе биде интегрален дел од операциите како и да се востанови ревидирано раководство под лидерство на тим фокусиран кон транспарентност, демократија и раст.

тие цели како и објавувањето на новата структура за спортскит еедноседи се планирани уште од превземањето на неговата функција.

претседателот на фиа ќе остане широко вклучен во глобалните работи на моторспортот и мобилноста, а структурата која ќе се грижи за формла 1 е реорганизирана и комплетна – вели портпарол на фиа.

Овој потен на Бен Сулајем, кој се вели дека е планиран од поодамна, доаѓа во момент кога Мохамед има недоразбирања со Формула 1. Минатиот месец правинот тим на тркачакта серија го опомена саудиецот по неговата изјава дека треба многу да се внимава со вредноста на спортот, а по шпекулациите дека саудиски фонд сака да ја купи Ф1 за 20 милијарди долари.

Следуваше и објава не негова сексистичка изјава од 2001 година во која тој вели дека жените не се попаметни од мажите.

Тензии има и кај потенцијални нови екипи на гридот откако Бен Сулајем застана на страната на Андрети, додека екипите не сакаат нов тим поради разоднување на нивните приходи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ