Бен Сулајем: Прашање на време е кога Ферари ќе освои титула

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, верува дека е само прашање на време пред Ферари да се врати на побединчките патеки и да се однесе нова титула во Маранело.

Минаа 16 години од последната титула за возач на Скудерија, онаа на Кими Раиконен од 2007 година, додека последниот конструкторски наслов дојде година подоцна. Тимот имаше огромна надеж дека Себастијан Фетел ќе им донесе слава и поради тоа го донесоа во 2015 година, но тој не се покажа.

Лани надежта на тифозите беше голема, особено по двете победи на првите три трки, благодарение на Шарл Леклер, но како сезоната одминуваше, Ферари заостануваше, а Ред Бул стануваа се посилни.

одлуката да се отстрани биното беше донесена чисто преку анализа на перформансите. кога ферари победуваше, беа многу разнолики, не се работи само за тоа дали италијанците се подобри од французите или германците, туку се работи а тоа да се најдат вистинските луѓе – посочи саудиецот.

Само времето ќе покаже дали Фредерик Васур е вистинскиот човек за Скудерија и дали ќе успее да го направи тоа што не успеа неговиот претходник Биното.

ако сите екипи имаат исти мотор и исти шеф на тимот, само еден на крајот мора да биде победник. дали ги имаат вистинските состојки, никој освен ферари не знае, но победување на трки и титули во маранело не е ништо ново за нив. мислам дека е само прашање на време пред повторно да бидат моќни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ