Бен Сулајем ја сака Индија назад

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, се надева дека Големата награда на Индија ќе се врати во календарот и цели на што повеќе моторспорт настани од висок калибар во втората најбројна држава во светот.

Минатиот викенд индиски Хидерабад беше за прв пат домаќин на престижен настан со организација на Формула Е трката, а Бен Сулајем лично беше присуден на таа 4та трка од сезоната во електричната тркачка серија. На самиот настан, тој потврди колку е важна индија за светскиот моторспорт потенцирајќи го растот на спортот во тој регион.

во мојата кампања јас ја спомнав важноста на индија не затоа што сум овдека нити затоа што сум претседател. индија и кина имаат свои произодители и се огромни пазари кои сеуште се минимално покриени и истражени. зборуваме за 2,8 милијарди луѓе во двете земји и над 8.000 тркачки лиценци на професионалци.

ни треба раст на тие пазари, но прво треба да најдеме начин како. секоја земја е различна, индија е различна и затоа треба да се прашаат локалните луѓе. мораме да разговараме со нивната моторспорт федерација за да се осигураме дека ја правиме вистинската работа – објасни бен сулајем за Autocar India.

По долга пауза и отсуство на големи меѓународни тркачки натрпевари од земјата, Формула Е одлично и дојде на нацијата, а следува уште еден спектакл, МотоГП трката на патеката која до пред речиси една деценија организираше Гранд При трка. Саудискиот шеф на ФИА потенцираше дека не сака настаните во Индија да бидат еднократни.

долго време индија немаше меѓународен тркачки анстан од големи разбери, така што им посакуваме топло добредојде. не сакаме настани кои ќе дојдат и ќе си заминат и поради тоа многу внимателно го планираме моторспортот затоа што се работи за големи инвестиции за кои треба време да се исплатат. инфрасруктурата треба да се користи.

земјата имаше формула 1 имаше и двајца индиски возачи, а сега имаат формула е. тоа покажува дека се добар пазар за во иднина.

Тркачката серија ја напушти Индија по несогласување со локалната Влада, а во врска со оданочувањето, проблем кој ја одложи трката во 2014 година откако стана прескапа за организацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ