Бергер ги сака Кубица и Батон во ДТМ

Шефот на врвната германска тјуринг тркачка серија, ДТМ, Герхард Бергер, призна дека се надева оти Роберт Кубица ќе се трка таму од следната сезона.

Полјакот се мачи со Вилијамс годинава, често е поврзуван со резервно место во некоја помала екипа, а тој најавува дека сака да продолжи да се трка.

секогаш бараме големи имиња како роберт кубица да возат во нашата тркачка серија. во моментов тоа зависи од многу фактори како на пример буџетот и неговото расположение, но нема сомнеж дека такви имиња се одлични за дтм – изјави бергер.

Освен Кубица, Герхард појасни дека и Џенсон Батон е возач кој го посакува во германската тркачка серија.

од спортска гледна точка тие би биле на исто ниво како и нашите сегашни дтм возачи, кои по мене се врвни тркачи. но, тие немаат признанија, постигнувања и име како кубица и батон. таквата мешавина може да биде добредојдена за нас – заврши бергер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ