Бергер го поддржува “контроверзното“ возачко дуо на Ферари

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен прв човек на германската ДТМ тркачка серија, Герхард Берге,р го поддржува контроверзниот возачки тандем на Скудерија Ферари.

Некои сметаат дека Шарл Леклер ја довел целата кариера на Себастијан Фетел во сомнеж по неговите перформанси и пристап во 2019 година.

Дуото имаше судар во Бразил, а Бергер, кој беше тимски колега на Аиртон Сена, вели дека е јасно дека Шарл Леклер е следната генерација. Но тој смета дека двајцата “алфа“ возачи може да опстанат заедно.

Предноста е што како екипа, целосно го извлекувате максимумот со вашата технологија во таква ситуација. Проблемот е што некој мора да го менаџира тоа.

Но гледајќи наназад, успешните тимови знаат како да го постигнат тоа. Френк Вилијамс секогаш ги имаше најбрзите болиди, а дури и Енцо Ферари беше внимателен со притисокот над возачот број 1, но беше отворен да го направи возач број 2.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ