Бергер го советува Хамилтон да оди во Ферари, но не веднаш

Поранешниот Формула 1 возач, австриецот Герхард Бергер, смета дека Луис Хамилтон треба да ја искористи шансата која му се пружа и да потпише за Ферари пред да замине од спортот.

за луис и за било кој друг возач не можам да не препорачам доколку имаат можност да ја искористат шансата и да возат за ферари – изјави бергер за британски The Guardian.

Австриецот е добар познавач на состојбите во Маранело откако од 1987 година до 1989 година возеше за Скудерија, а потоа повторно од 1993 година до 1995 година.

тоа е неверојатно искуство. го обожавам италијанскиот менталитет, го обожавам брендот, а сигурен сум дека и луис ќе го почувствува истото.

возењето ферари е преполно со емоции. некои се ладнокрвни, а некои страствени како ја затоа што јас го обожавам ферари. најголем дел од возачите се чувствуваат како мене, но за тоа треба да дојде вистинското време.

Австриецот смета дека трансфер во Маранело од 2021 година за Хамилтон би било прескоро под претпоставка дека би ја освоил својата 7ма титула догодина и со тоа би се изедначил со Михаел Шумахер. Паралелно со бројот на титули, на Луис му требаат само уште 7 победи да стигне до рекордните 91 на Летечкиоит германец откако веќе е рекордер по бројот на освоени пол позиции, симнувајќи го Аиртон Сена на второ место.

Герхард советува дека актуелниот првак треба да ги сруши сите рекорди што омже пред да се реши да мине во Маранело.

мислам дека треба да оди во ферари, но само откако ќе ги сруши сите рекорди, претходно би било ризик. има феноменален тим околу себе во мерцедес, а победничка екипа никогаш не се напушта, не е вистинско време за тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ