Бергер: Споредбата на Макс со Сена треба да се сфати сериозно

Герхард Бергер верува дека коментарите на Хонда кога го споредуваат Макс Верстапен со Аиртон Сена треба да се сфатат сериозно.

Тојохару Танабе, техничкиот шеф на Хонда, работеше како инженер на Бергер во Мекларен, а има работено и со Сена, Мансел и Пике. Бергер верува дека коментарите на Танабе треба да се сфатат сериозно.

Тешко е да се споредуваат статистики. Сена е сеуште посебен за мене бидејќи отскокнува. Луис Хамилтон е добар и не треба да биде заборавен. Во однос на успех тој би бил тука со Сена. Танабе сеуште е на висока позиција во Хонда. Тој ми беше инженер и знае точно како возеше Аиртон – откри австриецот.

Бергер верува дека со созревањето на Верстапен треба да се сфати ризикот кој се превзема за титулата.

И покрај тоа што е млад тој е многу искусен. На стартот е многу претпазлив и знае како треба. Знае што прави.

Во Монако стартот ја одлучи трката. Затоа понекогаш е толку агресивен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ