Бергер тврди дека Биното нема силна поддршка во Ферари

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, нема доволно силна поддршка во тимот како другите шефови на екипи, тврди поранешниот возач, австреицот Герхард Бергер.

Последните години италијанците не успеваат да бидат на ниво на Мерцедес со перформанси, а се чини годинава “сребрените“ дополнително се одлепија од нив судејќи по првата трка сезонава. Бергер не се сомнева дека Биното е вистинскиот човек да го води Ферари, туку смета дека премногу одговорности се над него, додека во Мерцедес сето тоа е дисперзирано.

споредете го ферари каде биното е главен во техничкиот дел, главен кај политиката, стратегијата и така натаму, но во ред бул го имате кристијан хорнер кој е многу компетитивен, гоа имате адриан њуи кој е генијалец во својата област, а го иате и хелмут марко со огромно моторспорт искуство.

погледнете го мерцедес каде се енди кауел, беше ники лауда, а таму е и тото волф и сите во исто време го подобруваат тимов во секој аспект. се прашувам зошто во ферари не се спроведе таква поделба – зачуден е герхард.

Австриецот се наврати на минатото кога Скудерија секогаш работел на начин како Ред Бул и Мерцедес денеска. Порано го имаа Жан Тод како шеф на многу успешната ера со Михаел Шумахер, но французинот имше огромна поддршка.

вратете се во ферари во времето на тод. тој е политички многу умен и константно се залагаше максимално во секој аспект, но го имаа и рос браун со огромно знаење како и одличниот дизајнер рори брн, еден од најдобрите иженери во спортот.

ви треба група за тимот вистински да се мотивира и да се придвижи кон напред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ