Бергер: Фетел и Ферари мора одма да се разделат

Формула 1 легендата, австриецот Герхард Бергер, смета дека со новото ниво на тензија помеѓу Фетел и Ферари, тие треба веднаш да ја прекинат меѓусебната соработка. 

Фетел беше незадовоелен дека Ферари не можеле да донесат одлука Шарл да го престаса него и покрај тоа што биле на различна стратегија. 

Немавме храброст да го пуштиме Шарл да ме престаса иако беше на иста стратегија. Тие преферираа да ме повикаат во бокс за да се случи тоа. Со тоа се уништи стратегијата. Пред трката зборувавме за тоа и не го направивме. Немаше причина за бокс – смета себастијан.

Биното го правдаше однесувањето на Себастијан преку тимското радио, но многумина поранешни возачи во Формула 1 сметаат дека ситуацијата меѓу Фетел и Ферари е катастрофална и мора да се прекине соработката.

Нико Розберг изјави дека тој мора да се сконцентрира на новиот тим. 

Радиото на Себ покажа колку се тензични работите. ТОј треба да се бори и да најде нов тим Или да удри врз маса и да побара нов болид од Ферари. 

Бергер пак има друго решение. 

За доброто на тимот и за него тој треба да размислува за 2021 година и во кој тим ќе се смести. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ