Бергер: Фетел треба да се откаже без конкурентен болид

Формула 1 легендата, Герхард Бергер, смета дека Себастијан Фетел би требало да се откаже од Формула 1 доколку нема конкурентна опција и биде приморан да вози за помала екипа од средината на поредокот.

Рено веќе го потврдија Фернандо Алонсо за следната година, така што за следната година остануваат празни места во Мерцедес, иако тие се неофицијално решени да останат со истите возачи, или пак Астон Мартин.

Бергер беше прв шеф на Себ кога германецот почнуваше во Торо Росо и за ran.de изјави:

не треба да прави грешка и да вози за некоја мала екипа од средината на поредокот, јас тоа не му го посакувам.

Во такво сценарио, Герхард смета дека подобро е Фетел да се повлече.

мислам дека е доволно силен самиот да реши затоа што се работи за четирикратен првак со многу победи зад себе, одлично здравје и многу моменти на кои со радост би се потсетувал во формула 1.

Австриецот е разочаран што Себастијан не успеал да го врати Ферари на врвот од поредокот како што тоа го направија Михаел Шумахер и Ники Лауда пред него.

верувам дека со неговиот германски менталитет, амбиција и точност можеше да го направи истото, но не успеа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ