Берни ги сака Макс и Луис во иста екипа

Берни Еклстон, поранешниот Формула 1 супремо, е полн со пофалби за Луис Хамилтон откако британецот стигна до својата 7ма шампионска титула изедначувајќи се со Михаел Шумахер, а претходно сезонава го мина гермаенцот и по бројот на победи на Гранд При трки.

луис си ги заслужи успесите. секогаш го победуваше својот колега, освен во 2016 година кога возеше против нико розберг. ретко греши и би го споредил со играч на покер кој има четири кецови во рака.

тој може да игра покер додека останатите се потат, но би сакал да го видам во иста екипа против макс верстапен. прашање е колку ќе греши кога ќе биде под многу поголем притисока.

без сомнеж тој е еден од најдобрите како што е и михаел, но кој е подобар од нива двајца никогаш не може да биде одговорено. тешко дека луис, михаел и аиртон може некој да ги спореди.

пред втората светска војна беа кажувани чудесни работи за бернд роземајер, а потоа хуан мануел фанџо освои пет титлули и има најголем процент на победени трки.

потоа, што би постигнале аиртон сена и џим кларк доколку не ги загубеа животите толку рано? или пак јохен риндт кој по мене беше најбрз возач. алан прост исто така го рангирам многу високо и човекот има четири титули, слично со себастијан фетел.

но, за жал, ретко кој зборува позитивно за себастијан фетел во моментов затоа што во воаа формула 1 сте добри колку што ви е добар болидот, а неговиот ферари не му одговара – анализира господин е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ