Берни го натерал Строл да потпише со Фетел

Поранешниот Формула 1 супремо, Берни Еклстон, откри дека го притиснал Лоренс Строл да потпише со Себастијан Фетел за следната тркачка сезона.

Откако во Мај Скудерија Ферари откри дека нема да смета на услугите на Фетел за следната година, германецот се најде со ограничен број на можности за следната година. Сепак, неодамна беше објавено дека четирикратниот првак ќе има нов предизвик за следната сезона во тимот на Рејсинг Поинт кој следнат година ќе биде ребдендиран во фабричка Астон Мартин екипа.

На крајот, Лоренс одлучи да го исплати и отпушти Серхио Перез за да направи место за Себастијан Фетел, а Берни откри дека ургирал за таков потег.

многу често разговараме на телефон, го слушам и му давам мои проценки на работите. исто така му помогнав и во договорот со астон мартин, но и го притиснав да го земе себастијан фетел во својата екипа.

му кажав колку себастијан е сеуште добар и на крајот дека не може да загуби со него, а моите аргументи му беа доволни за да му понуди договор – откри еклстон.

Себ има ужасна сезона со Ферари и само 18 освоени поени од 12 трки, додека неговиот колега, Шарл Леклер има дури 75 поени и се наоѓа на 5то место во возачкиот поредок. Берни се сомнева дека нешто се случува “зад сцената“ во Ферари затоа што смета дека квалитетот и искуството на Фетел не доаѓаат до израз.

леклер секако дека е огромен талент, но и себастијан фетел е таков, а има и повеќе искуство и треба да биде подобар од нив двајцата, но не е така и мора да има причина за тоа.

ферари секогаш била екипа каде домашната политика игра многу голема улога. всушност единствено кога михаел шумахер беше дел од таа екипa сите работеа заедно и во иста насока.

за среќа себастијан фетел ќе има нов предизвик со астон мартин и ќе им докаже на сите кои се сомневат во него дека грешат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ