Берни имал план како да ја уништи Формула Е

Берни Еклстон не престанува да изненадува, овој пат не криејќи дека имал план за да се осигура дека електричната Формула Е тркачка серија никогаш нема да стане никаква конкуренција за “неговата“ Формула 1.

Иновативната електрична серија започна во 2014 година и во моментов привлекува доста поранешни Формула 1 возачи како Фелипе Маса и Стофел Вандорн, но и големи автомобилски производители како и фанови во градовите каде се одржуваат трките. Сепак, Берни не ја сака серијата и вели дека доколку сеуште бил на чело на Формула 1, ќе се осигурале дека Формула Е нема да им стане конкуренција.

жал ми е за оние кои во моментов ја водат формула 1 и начинот на кој го проценија ударот од формула е. јас ќе ја уништев, така ќе се спасевме од сите објаснувања и немаше воопшто да постои доколку јас бев сеуште активен – изјави берни во своето последно интервју за Autocar.

Сепак, “господин Е“ е дециден дека за такво нешто во моментов е предоцна.

сега сите зборуваат за електрични автомобили така што не доаѓа во предвид сценари како што можеше на почетокот. таканаречената помлада генерација не е толку заинтересирана за автомобили како порано. верувам дека за неколку години нема повеќе воопшто да се возбудуваат за никакви автомобили доколку секој си има електричен, тие ќе бидат исти.

мислам дека еден ден сите ќе заборават на тесла, но се сомневам дека некогаш ферари ќе биде заборавен. многу компании ќе прават електрични автомобили, тесла се лидери во моментов, но нема да бидат ништо посебно многу скоро. на луѓето им е битно автомобилот да е електричен, а не каков бренд е.

брендот на ферари е толку силен што тие може да си дозволат и да заминат од формула 1 и повторно да бидат неверојатно големи и успешни. дури и да не победувааат во формула 1 сите ги знаат и познаваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ