Берни му помогнал на Њуи по велосипедска несреќа

Хелмут Марко го пофали Берни Еклстоун за помошта кон Адријан Њуи кога дизајнерот на Ред Бул доживеа велосипедска несреќа во Хрватска.

Њуи пропушти неколку трки во Формула 1 по несреќата летово поради што му требаа неколку операции. Марко сега сподели повеќе детали за несреќата и откри дека поранешниот шеф на спортот, Берни Еклстоун, кој бил во земјата во исто време, направил се што можел за да му помогне на Њуи после тоа.

Беше навистина тешко. Адријан имаше неколку скршеници и повреди на главата.

За среќа, Берни Еклстоун беше во исто време во Хрватска. Берни е тесно поврзан со властите во Хрватска. Тој се погрижи Адријан веднаш да го добие најдобриот медицински третман.

Берни исто така договори негово транспортирање назад во Англија – откри доктор марко.

Марко додаде дека Њуи одигра клучна улога при враќање на тимот во Истанбул Парк, каде Ред Бул наиде на проблеми со сетирањето.

Веднаш сфати дека имаме проблеми со сетирањето на болидот, па немавме шанса. Тоа треба да се подобри во иднина.

Мораме повторно да го извлечеме најдоброто од болидот за да имаме шанса. Се надевам дека ќе го направиме тоа веќе овој викенд во Остин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ