Берни: Никој нема храброст да го отстрани Монако

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, изјави дека никој нема храброст да го тргне Монако од календрот во екот на се посилните шпекулации за иднината на легендарната и историска трка.

91-годишниот британец посочи дека Формула 1 без Монако не е вистински чекор за спортот. Кнежевството има договор за трка уште оваа сезона, а во моментов Принцот Алберт откри дека се преговара за продолжување на сорботката.

Формула 1 се шири кон нови пазари, особено вниманието периодов е насочено кон Америка, така што гласините дека некоја традиционална европска патека ќе биде отстранета се се посилни.

мислам дека никој нема храброст да се откаже од монако како дел од календарот – изјави берни.

Еклстон откри дека разговарал со Мишел Боери, Претседателот на Автомобилскиот клуб во Монако.

тие се пресреќни со ситуацијата и убедени се дека се ќе се реши без никаква драма, така што јас проблеми за трката во монако не гледам – дополни господин е.

Еклстон посочи дека би било сосема погрешно да се направи трката ротирачка.

без разлика дали е најлоша трка или најдобра трка, сепак е дијамант во формула 1 календарот.

погледнете го мајами, тоа не беше формула 1 трка туку личеше на трка во локален автомобилистички клуб. оние вештачки бродови кои требаше да направат да изгледа како монако беа смешни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ