Берни повторно за насловна: Во Ферари фали лидер

Берни Еклстон смета дека една од причините за непродолжување на соработката помеѓу Скудерија Ферари и Себастијан Фетел е тоа што во Маранело нема лидер.

По пет години минати во Скудерија, четирикратниот првак објави дека нема да продолжи со тимот за 2021 година, а Ферари за негова замена експресно брзо го потврди Карлос Саинз. Последната титула за италијанциет беше во 2007 година со Кими Раиконен.

Осврнувајќи се на доминантниот период кои Ферари го имаа со Михаел Шумахер на почетокот на 2000-те години, Берни Еклстон откри дека успесите се должеле на фактот што грманецот го контролирал тимот.

ситуацијата со михаел во ферари беше малку поинаква. еднаш го прашав кој го води тимот и тој веднаш ми одговори дека тој раководи. веројатно тоа е вистината и причината поради која беа толку успешни.

проблемот со италијанците е тоа што немаат многу лидери кои може да ја поведат екипата. по мене им недостасува тоа во моментов.

одговорниот и главен во моментов, матиа биното, е всушност супер инженер и е во ферари повеќе од 20 години – изјави берни за германски RTL.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ