Берни повторно побара отстранување на “глупавите хибриди“

Поранешниот шеф на спортот, контроверзниот Берни Еклстон, попвторно побара спортот да ги напшти хибридните мотори и да се врати на старомодните В8-ци без турбо полнач.

Спортот од 2014 година користи 1,6-литарски В6 турбо хибридни мотори и цела таа ера ја доминира Мерцедес со 7 последователни двојни шампионски титули. Согласно првично договореното, моторите остануваат да се користат барем до крајот на 2024 година, но фановите се незадоволни од тивките мотори иако истите се најефикасни што светот ги видел.

Фернандо Алонсо доби можност да го провози шампионскиот Рено Р245 со В10 мотор во Абу Даби на последната трка од сезоната, а звукот и изгледот на тој болид го воодушеви сите фанови на спортот кои посакаа враќање на старите болиди.

ајде да се ослободиме од овие глупави мотори кои ги имаме сега. знам дека ќе ме нападнат за ова што го кажувам – изјави господин е за Motorsport Magazine.

Британецот смета дека оживување и враќање на В8 моторите во спортот ќе го реши проблемот на огромните трошоци во Формула 1 кои се прават благодарение на хибридната технологија.

да се вратиме на старите атмосферски мотори, сите ги имаат и нивната цена е многу ниска. звукот ќе се врати, можеме да ги користиме пет години слободно додека не се реши проблемот со моторите за во иднина.

формула 1 е забава, а кога забавата ќе престане, нема повеќе бизнис. луѓето на трибините не ги интересира колку се ефикасни моторите нити пак колку гориво користат, туку колку коњски сили имаат.

Пред една деценија Берни беше убеден да го прифати влезот на хибридната технологија во Форула 1 со цел спортот да биде релевантен за секојдневните патнички автомобили, но од оваа гледна точка смета дека тоа било грешка.

формула 1 нема потреба да биде релевантна за автомобилската индустрија. ќе има многу промени, сите ќе имаат електрични автомобили и сметам дека автомобил на бензин нема да смее да вози низ град. тоа ќе донесе производителите да престанат да прават автомобили на бензин или дизел гориво за неколку години.

Формула Е веќе има лиценца за отворени едноседи на електричен погон од страна на ФИА, додека Ендјуранс шампионатот исто така оди кон електрификација наместо кон хибриди со цел да се натераат производителите како Ауди и Порше да се вратат со фабрички екипи.

Формула 1 има десет екипи и четири производители на мотори на гридот, но Хонда најави дека на крајот од оваа година се откажува и нема повеќе да биде дел од спортот.

хонда заминува, ред бул ќе го превземе нивниот мотор, но тоа ќе биде остварливо само доколку и останатите производители се согласат да се замрзне развојот на моторите. во спротивно, трошоците за развој ќе скокнат којзнае колку високо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ