Берни приведен за нелегално поседување оружје во Бразил

Полицијата во Бразил го привела пораншениот шеф на Формула 1, Берни Еклстон откако бил пронајден пиштол за кој немал дозвола во неговиот багаж на аеродромот Виракопос во Кампињас.

Тој требало да се качи во приватен авион и да лета за својот дом во Швајцарија кога  нелегално оружје било воочено во неговиот куфер за време на рентгенското скенирање на аеордомот во 9.30 часот во Среда наутро, а муниција за 32-калибарското оружје немало.

91-годишникот бил задржан во полициската станица на аеродромот пред да ја плати кауцијата од 1.300 долари и да биде пуштен, по што продолжил со својот лет за Швајцарија. Еклстон ја признал вината дека поседува оружје без дозвола, но го чувал на својто имот во Бразил и не бил свесен дека пиштолот бил во неговиот бага на летот.

Берни се појави на неколу трки во Бразил месецов со сопругата Фабиана која е Потпретседаел на ФИА  и член на Светскиот Мотор Спорт Совет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ