Бил Гејтс ќе гледа Ф1 на Ред Бул Ринг

Официјално вториот најбогат човек на светот, Бил Гејтс, чие лично богатство се проценува на околу 100 милијарди долари, ќе биде присутен во падокот на Големата награда на Австрија, првата трка од овогодинешниот календар, која патем ќе се вози без публика.

Австриските медиуми пренесуваат дека сопственикот на Ред Бул, милијардерот Дитрих Матешич, лично го поканил сопственикот на Мајкрософт да дојде и да го гледа начинот на работа во Формула 1 во ера на пандемијата.

гостите не се моја работа. јас само се грижам да почне формула 1 на спилберг како што беше договорено, а се друго ќе биде објавено од страна на rojekt Spielberg и на Ред Бул – изјави доктор Хелмут Марко за австриски Kronen Zeitung.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ