Биното задоволен што Саинз ќе вози за него догодина

Матиа Биното е многу среќен и задоволен со изборот кој тимот го направи за замена на Себастијан Фетел следната сезона.

Слабниот тим од Маранело одбра шпанецот Карлос Саинз да седне крај Шарл Леклер во црвениот болид од следната сезона. Тој имаше одличен старт на последната трка на Портимао и дури водеше 6 кругови.

тој имаше фантастичен старт и одлично ја одработе трката. претекнувањето во такви услови не беше воопшто лесно дури и покрај тоа што беше на најмеки гуми. среќен сум со оваа негова сезона и напредокот кој го прави од трка во трка – изјави биното за шпански АЅ.

Перформансите на Ферари не се доби оваа сезона, а Фетел се мачи да освои поени и е светлосни години зад својот колега Шарл Леклер. Сепак, Карлос не смета дека направил грешка при изборт на својата следна екипа.

да се надеваме дека ќе завршат добра работа и ќе имаат силен болид догодина, а ако не биде така, тоа е сепак ферари. има луѓе кои се потсмеваат со ферари сега и ме прашуваат дали се каам за изборот, но јас секогаш велам не. јас им се смеам на нив затоа што не знаат какво е чувството, а сеуште не сум станал официјално дел од екипата – изјави карлос за El Mundo Deportivo.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ