Биното изненаден од фантастичната сезона на Леклер

Матиа Биното призна дека е изненаден од колку добро се справил Шарл Леклер со предизвикот да вози за Ферари и со притисокот во таа позиција.

По само една сезона со Алфа Ромео, Леклер беше промовиран во Ферари за 2019 година. Иако првично на возачот му беше кажано дека Себастијан Фетел е приоритетниот возач, Леклер уште од самиот почеток го притисна искусниот колега.

Тој ќе стигнеше до првата победа во Бахреин, втората трка од сезоната, но беше спречен откако откажа моторот на Ферари. Наместо тоа, мораше да чека до 13та трка во Белгија. Леклер потоа победи и на Италијанското Гранд При, а во исто време стигна и до 7 пол позиции, најмногу од сите возачи во сезоната.

Ние сме среќни со него, неговата сезона беше фантастична и во неа стигна до седум пол позиции и две победи. Тоа што заврши пред Себастијан е одлично постигнување.

Мислам дека Шарл ги изненади сите, не само мене. Тој е многу брз и успеа да се справи со притисокот од цела сезона. Кога започна сезоната, ситуацијата беше поинаква. Имавме млад возач и искусен возач, Но ако погледнете кон последните трки, тие имаа слобода да се тркаат.

2019 година заврши и сега почнуваме со нова сезона. Веќе започнавме со нова насока и треба трпение. Правиме се што е можно, фановите заслужуваат победи – вели Биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ