Биното: Леклер и Фетел се сложуваат подобро отколку се мисли

Шефот на Ферари, Матиа Биното, откри дека Себастијан Фетел и Шарл Леклер имаат многу подобар одонс одошто лушѓето мисла, но признава дека она што се случи во Бразил нема да го подобри тој нивни однос.

Возачите на Ферари се судрија на правецот по есовите на Сена додека Фетел се обидуваше да си ја врати позицијата која на стартната рамнина ја загуби од Леклер. По контактот се скрши суспензијата на предното десно тркало на Шарл, а потоа се дупна и задната лева гума на Себ.

Иако помеѓу тандемот имаше многу тензични моменти на патеката, ова беше прв нивни судар сезонава.

она што го гледам и што го читам е доста поразлично од она што интерно во тимот го знам. вистина е дека во монца каде леклер не го испочитува договорот од пред трката не беше лесно за менаџирање, но зборував со нив отворено и искрено. истото се случи и по русија кога фетел не го испочитува договореното.

во моментов односот помеѓу нив е добар и одлично се согласуваат. секако дека тоа што се случи не помага во нивниот однос, но јас не би правел драма од тоа. јас на инцидентот гледам повеќе како на можност да се разјаснат работите и да се постави граница за следната година – најави биното.

Шефот на екипата разговарал со возачите по трката и ги сослушал нивните ставови, но одби да коментира сакајќи да ја остави целата работа да се реши на состанок во Маранело.

главна причина поради која сакав да ги видам беше лично моја за да им кажам дека ќе имаме состанок и дека се што сакав да чујам е дека им е жал за тоа што го направија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ