Биното: Леклер може да нападне со новиот мотор

Од Ферари тврдат дека Шарл Леклер сега може да нападне посилно за победа откако доби нов мотор за време на Канадското Гранд При. 

Леклер го загуби водството во возачкиот поредок откако не ја заврши трката во Шпанија, а подоцна истото му се случи и во Азербејџан. Ферари му дадоа нов мотор на Леклер во Канада и тој успеа да дојде до петта позиција откако стартуваше од последниот ред.

Одлучивме за новиот мотор по Баку и тој беше свесен за тоа и имаше време да се подготви. Тоа сигурно го фрустрира возачот и тој мора да ги  контролира емоциите бидејќи секогаш сака да престаса некого независно дали има или нема брзина. Моравме да старуваме до крајот и петта позиција е одличен резултат – откри шефот на Ферари, матиа биното. 

Леклер сега заостанува 49 поени зад актуелниот шампион, но Биното е оптимист дека ситуацијата ќе се подобри во наредните трки. 

Сега имаме нов мотор за наредните трки. На четири трки пред летната пауза ова е важно за него и тој ќе може да нападне да освои поени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ