Биното: Мерцедес се побрзи од нас

Матиа Биното смета дека во моментов неговиот Скудерија Ферари е побавен од ривалите од Мерцедес и Ред Бул по првите два денови тест во Барселона. Италијанците неубедливо стартуваа со 8мо најбрзо време во текот на првиот тест ден и ситуација во која времињата на Хамилтон и Ботс беа најбрзи во денот.

Вториот дек “црвените“ беа подобри од Мерцедес, но заостануваа зад Ред Бул. Круна беше тоа што на почетокот од последниот тест ден откажа моторот на Себастијан Фетел и германецот загуби драгоцено време.

тешко е да се каже колку се побрзи од нас, но ќе ги анализираме податоците следните денови, а во моментов сум сигурен дека се побрзи од нас. секако дека сме загрижени поради тоа што не сме доволно брзи како што сакаме, но сеуште е многу рано и следува многу работа.

првите три денови се многу важни за нас за да ги собереме потребните податоци и да имаме јасна слика за подобро да го разбереме нашиот болид. важно е да се осигураме дека го развиваме болидот во вистинска насока затоа што сезоната е долга и има 22 трки и има време да се надомести разликата.

да почекаме на следните три денови тест пред да направиме проценка кои се вистинските перформанси на сите екипи – оптимист е биното.

Запрашан дали СФ1000 болидот е способен да го победи Мерцедес, тој ијави:

мислам дека е прерано да го кажеме тоа., но ние ќе се подобруваме како што ќе одминува сезоната. дали ќе победиме во австралија? не знам и можеби нема.

гледам дека мерцедес и ред бул се многу брзи првите денови на тест, но точните перформанси може да се видат само за време на гранд при викендот во австралија. тоа ќе бидат вистинскит еперформанси со кои ќе се почне сезоната,  22 трки се многу долг пат.

Биното најави дека болидот кој го тестираат нема да се разликува многу од оној што ќе се појави на првиот тркачки викенд.

имаме потенцијал, тоа го гледа, и најпрво треба да го оптимизираме пакетот, а потоа да го развиеме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ