Биното му објасни на Саинз каде загубил од Верстапен

Матиа Биното го пофали Карлос Саинз за своите перформанси во Канада и му објасни дека само совршен викенд можел да му помогне да го победи Макс Верстапен. 

Биното верува дека Саинз бил се побрз во текот на викендот и покажал подобри перформанси од Леклер. Шпанецот се бореше за предниот ред во Канада додека Леклер се мачеше да напредува поради казната за моторот. 

Доколку го видиме Карлос од петокот, тој беше многу брз. Бевме блиску до Ред Бул за да се бориме. Не знам колку, но не беше изненадување. Карлос стекна доверба во болидот. Тој беше се побрз во текот на викендот, но не доволно за да го стигне Макс – посочи шефот на скудерија.

Саинз не ја освои првата победа во кариерата поради несоврешните квалифиакции каде стартувше од вториот ред и поради тоа мораше повеќе да форсира. 

Мислам дека за да се бориш со Ред Бул и Макс мора да имаш совршен викенд. Квалификациите му направија проблем на Карлос. Едно е кога си напред, друго е кога бркаш некого. Од трка на трка стекнува поголема самодоверба и се подобрува неговото возење. Тоа е важно за нас дека може да сметаме на него. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ