Биното: Немаше поента да се замени моторот на Леклер во Катар

Недостатокот на деградација на моторот на Ферари значи дека тие не размислувале за нов мотор за Шарл Леклер и покрај неговата слаба стартна позиција во Катар.

Возачот од Монако не можеше да излезе од средниот квалификациски сегмент при првата посета на Формула 1 на меѓународната патека Лосаил, при што ја започна трката од 13то место на гридот. Со оглед на тоа што веќе не беше комотно на позицијата според неговите вообичаени стандарди, Ферари можеше да му даде нов мотор со внатрешно согорување, што ќе предизвикаше казна од пет места на гридот, или комплетна нова погонска единица што ќе го вратеше назад само уште две места до 20та позиција.

Сепак, тимскиот шеф Матиа Биното, објасни дека Ферари не страдаат од деградирање во моќноста на моторот како другите производители и затоа идејата да му се даде на Леклер нов мотор била без поента.

За нас е без поента. Пред неколку трки ја воведовме оваа надградба на хибридниот дел. Нашиот мотор е сигурен, не се деградира со километражата, Значи, нема причина да го промениме.

Да го сменивме моторот, тој немаше да стигне до осмата позиција – сигурен е швајцарскиот инженер.

Леклер го следеше својот тимски колега, Карлос Саинз, преку линијата, со финишот на 7мо и 8мо место, кој му донесе на тимот 10 поени за шампионатот на конструктори. Ривалите на Ферари за трето место кај конструкторите, Мекларен, освоија само два поени благодарение на 9то место за Ландо Норис, кој возеше на 4то пред да претрпи откажување на гума.

Саинз и Леклер возеа безбедно со своите гуми за да обезбедат финиш во поени, оставајќи го Биното да размислува за силно извршување на нивната стратегија. Запрашан дали Катар бил под очекувањата на Ферари, Биното рече:

Не, не би рекол под очекувањата. Јасно е дека седмо и осмо место не се она кон што се стремите, Но знаевме дека ова е тешка патека за нас со гумите.

Ова е болидот со кој претрпевме толку голема деградација на гумите на Пол Рикар, болидот не се промени во тој поглед, Но мислам дека научивме да управуваме со тоа, сигурно подобро отколку на Пол Рикар.

Од првиот круг ги замоливме возачите да не притискаат и да се обидат да направат само еден пит-стоп. Така тие се воздржаа во возењето, не притискаа ниту во првата серија со средните гуми, ниту подоцна со тврдите гуми, туку на само 10 круга од крајот кога знаевме дека можеме да стигнеме на крајот со гумите непроменети.

морам да кажам дека успеа, ако ги погледнете другите кои наместо тоа туркаа кога немаше потреба да го прават тоа и имаа дупнати гуми.

Заслуга за тимот што успеа да управува со гумите. Јасно е дека болидот има проблем со абењето, така што не можевме да притискаме повеќе, но тимот можеше да се справи со тоа и ова е позитивната страна.

Биното сепак беше охрабрен од вкупните перформанси на неговиот тим.

Двојниот пит-стоп, за жал имаше проблем во комуникацијата преку радио со Карлос, инаку тој ќе беше пред Ленс Строл по пит-стопот и можеше да го нападне Естебан Окон на крајот и да постигне подобар резултат – изјави Биното.

Но, освен овој проблем со радиото, момците одлично се справија со двојниот пит-стоп по три трки по ред, со промена на шасијата помеѓу Сабота навечер и Недела наутро.

Значи, го гледам управувањето со стратегијата, управувањето со гумите, пит-стоповите, механиката и повторно доверливоста, сето тоа е многу добро.

И двајцата возачи исто така извозеа добра трка. Она што ни недостасува сега е доволно брз болид за да се натпреваруваме за подобри позиции.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ