Биното нема да присуствува ниту во Бахреин

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, потврди дека нема да биде дел од тимот на претстојната трка во Бахреин викендов. 

Шефот на Ферари остана во Маранело за време на Турското Гранд При, иако имаше можност да комуницира со возачите преку тимското радио, што го стори по трката кога Шарл Леклер гневно се обвинуваше за грешката со која падна од второ на 4то место во последните свиоци.

Се појавија вести дека Биното нема да биде со тимот ниту во Бахреин, а тој сега и го потврди истото.

Среќен сум што не мора да бидам на патеката. Мојата улога е да бидам присутен во тешки моменти. Знаевме дека болидот е подобар, а тие резултати се добредојдени и јас нема да присуствувам во Бахреин. Нашите возачи ќе бидат добри. Нашиот болид се подобри и тие сега се поудобни позади управувачот.

Севкупно, покажавме дека имаме конкурентен болид. Тоа е најважно, бидејќи ја разбираме насоката во која се движиме. Болидот се подобри и тоа е добар знак – вели Биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ