Биното не гледа потреба да се менува нешто во Маранело

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, верува дека нема никаква потреба да се менува нешто во текот на летната пауза и покрај скорешните проблеим и грешки кои тимот ги имаше и поради кои заостана во однос на Ред Бул.

Во пресрет на летната пауза, Скудерија заостанува дури 97 поени зад Ред Бул кај конструкторите, додека Шарл Леклер цели 80 поени во однос на Верстапен кај возачите. На средина од последната трка, Шарл водеше, но тимот погреши со стратегијата и го стави на најтврдата компоненета по што неговите перформанси исчезнаа. Саинз, пак, доби последна серија на софт, но и неговиот болид не се прилагоди на условите.

не се работи за лоша среќа и нема потреба да се менува нешто во тимот. секогаш се работи за континуитет, градење, искуство и стекнување вештини. секако дека имаше проблеми на трката кои треба да ги разбереме, но ако го погледенеме балансот по првиот дел од сезоната, нема потреба ништо да се менува.

едноставно мораме да откриеме што тргна наопаку, мораме да го разбереме тоа и да се вратиме на силното ниво на кое бевме претходните 12 трки пред унгарија за да се осигураме дека нема да се повтори проблемот по летната пауза – посочи шефот биното.

Инженерот тврдеше дека Ферари немале брзина и ритам за да победат на Хунгароринг без оглед на стратегијата која ќе је избереле. Моначанецот Леклер дури три пати менуваше гуми и иако водеше сепак заврши 6ти.

Биното вели дека Шарл ќе може да се одмори и релаксира дома за да се врати уште погладен по летната пауза и да му помогне на Ферари да си ја врати формата.

како лидер клучно е тој да продолжи да го носи тимот напред чекор по чекор и да гледа на секоја трка како можност за победа. победуваме и губиме заедно. во унгарија не беше наш добар ден, но имаме огромен потенцијал. мораме да се фокусираме и прво да ги разбереме причините за поразот, да ги решме и да се вратиме посилни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ